6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку зголемувањето на акцизата за нафта ќе бидат зголемени буџетските приходи

Преку зголемувањето на акцизата за нафта ќе бидат зголемени буџетските приходи

Во предлог-буџетот за 2018 година кој денеска пред јавноста го објави премиерот Зоран Заев, не се предвидени поголеми даночни промени.

„Буџетските приходи ќе ги зголемиме единствено преку зголемување на акцизата на нафта за 3 денари. Тие пари ќе завршат во капитални проекти во образованието, за детските градинки, за библиотеки, за рамномерен регионален развој и капитални инвестции во општините, во здравството и другите важни сегменти на општественото живеење. Ова го правиме со цел да не го зголемуваме дополнително јавниот долг“, рече Заев.

Тој додаде дека со овој потег Владата ќе направи сериозен исчекор и кон усогласување со европските стандарди и регулативи со цел намалување на загадувањето на воздухот.

Според Заев, малопродажната цена на дизелот, и покрај покачувањето, останува најниска во регионот, со вредност од 0.86 евра, додека во сите други држави од опкружувањето цената е меѓу едно и едно и пол евра по литар дизел. Како што рече Заев, зголемувањето е минимално во однос на европските препораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП