2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа кејот на реката Вардар ново место за рекреација на скопјани

На кејот на реката Вардар ново место за рекреација на скопјани

На кејот на реката Вардар во близина на скејт-паркот денеска беше отворена десеттата „Кока-кола активна зона“, која Пивара Скопје и компанијата „Кока-кола“ ја донираа на Градот Скопје.

Активната зона свечено ја отворија градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

– Навистина ми е чест што Градот Скопје повторно е дел од овој проект, преку кој заедно со Пивара Скопје и компанијата „Кока-кола“ имаме можност да ги мотивираме граѓаните редовно да спортуваат и да практикуваат активни животни навики, дотолку повеќе што целата оваа зона и инфраструктура е бесплатна за користење и достапна за граѓаните во секое време. Нашата цел е да имаме чист, модерен и безбеден град и граѓани коишто се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, „Кока-кола активната зона“ е од големо значење за Градот Скопје и апелирам до граѓаните на нашиот град да ја чуваат и да се грижат за неа. Исто така, ги повикувам сите компании да го следат овој позитивен пример за општествена одговорност и да покажат поголема корпорациска одговорност, односно преку инвестирање во заеднички јавни добра да инвестира и во развојот на својот бизнис, општата бизнис-клима и нашето заедничко Скопје – кажа градоначалникот Шилегов.

Проектот „Кока-кола активни зони“ се реализира во повеќе општини низ Македонија и истиот вклучува поставување на фитнес-зони на отворено, опремени со најмодерни професионални справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надомест.

Проектот е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола за промоција на физичките, спортски и рекреативни активности и вложување во заедницата, како основа за создавање навики за активен животен стил и мотивирање на граѓаните редовно да спортуваат и да се рекреираат.

Оваа активна зона е втора донација во Скопје, по првата која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и која истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата „Кока-кола“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП