4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонација од 12 уреди за прочистување на воздух за градинката „13 Ноември“

Донација од 12 уреди за прочистување на воздух за градинката „13 Ноември“

Советниците на општина Центар – Скопје денеска ја прифатија донацијата од 12 уреди за прочистување на воздухот, кои се наменети за Јавната установа за деца, Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“- Скопје.

Поради големата загаденост на воздухот и можноста за подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат децата во текот на нивниот престој во градинка, Ротари клуб Скопје – Камен Мост ќе донира 12 прочистувачи на воздух за потребите на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, со кои значително би се подобрил квалитетот на воздухот и би се намалил ризикот за заболување на дишните патишта на децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП