7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои фонтови не би требало да ги користите во вашето CV

Кои фонтови не би требало да ги користите во вашето CV

Дали ве изненадува фактот дека менаџерите кои вработуваат сметаат дека користењето на фонтот Times New Roman во вашата биографија е еквивалентно на носењето на тренерки на разговорот за работа?

Деловното резиме, парче хартија направено да не прикаже во најдобро светло, е едно од местата каде луѓето користат фонт за да се изразат и прикажат себе си. Откако Bloomberg пишуваше за најдобрите фонтови во CV-то, Independent го контактираше експертот за вработување Милдред Талабиј, и го праша кои фонтови никако не треба да се користат, а кои се пожелни:

„Немам листа кога станува збор за лошите фонтови во CV-то, имам само еден дежурен виновник – Times New Roman. Избегнувајте го како ѓавол. Кога користите Times New Roman како да велите „Не сум го корегирал моето CV десет години“, а тоа е порака која не би сакале да му ја пренесете на работодавецот.

Фонтовите кои се пожелни и кои се карактеризираат како „појасни, посвежи, помодерни“ се: Verdana, Calibri, Century Gothic иTahoma.

И уште еден совет „Избегнувајте го и фонтот Arial – не е баш непожелен како Times New Roman, но е на добар пат да стане тоа“.

Значи, некогаш омилениот фонт, стана многу „озогласен“ и старомоден. Истото мислење го има и Bloomberg.

Како и во се, и во составувањето и дополнувањето на работната биографија треба да ги следите трендовите. Изгледот на CV-то може да пресуди дали вашиот потенцијален работодавец ќе ве повика на разговор или не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП