12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната побарувачка на злато падна на ниво од 2009-та година

Глобалната побарувачка на злато падна на ниво од 2009-та година

Светската побарувачка за злато драстично се намали во третиот квартал од 2017-та година, поради намалениот интерес во Индија, според извештајот објавен денеска од страна на Светскиот совет за злато (GCC).

Побарувачката за благородниот метал помеѓу јули и септември 2017-та година се намали за 9% во споредба со третиот квартал од 2016-та година, достигнувајќи 915 тони или најниска од третиот квартал од 2009-та година.

„Индија е главната причина за овој слаб резултат, со 25 отсто намалување на побарувачката за накит од една година порано и 23 отсто пад на побарувачката за цели прачки злато“, рече Џон Малиган, висок претставник на „GCC“.

Индија е втор по големина купувач на злато во светот по Кина, но локалната индустрија е попречена од голем број мерки за борба против црниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП