6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Навиките на мажите и жените да купуваат на интернет

График на денот: Навиките на мажите и жените да купуваат на интернет

Во 2016-та година, над 85% од домаќинствата во Европската унија имаа пристап и користеа Интернет. Но, кога ги разгледуваме податоците од гледна точка на онлајн-трговијата, се покажува дека учеството на жените кои купуваат онлајн е нешто помало од тоа на мажите – 65% споредено со 67%, според најновите податоци на „Еуростат“.

Меѓутоа, поголемата разлика произлегува од производите што ги купуваат. Многу повеќе жени купуваат облека од Интернет – 68% за женската популација, во споредба со 56% за мажите.

Што се однесува до електронските производи, мажите овде се убедливи – 31% од мажите во ЕУ ја купуваат својата електроника онлајн, додека кај жените овој процент е само 17%.

Сепак, разликите во другите категории на производи не се толку големи. Во просек, 20% од жените и 26% од мажите онлајн купуваат филмови, додека за домаќинствата делат 43% и 45%, соодветно. Нешто повисоки се вредностите во категоријата авио билети и сместување – 51% од жените и 52% од мажите.

Што се однесува до купувањето на билети за настани преку Интернет, само учеството на жените е еднакво со она на мажите во ЕУ – 38%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП