3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогнозите се полоши? Прв ќе страда туризмот

Прогнозите се полоши? Прв ќе страда туризмот

Владата на Шпанија би можела повторно да ја намали прогнозата за економскиот раст во 2018 година поради политичката криза во Каталонија, изјави премиерот Маријано Рахој.

„Тоа го погодува туризмот, одделни ентитети и трговијата. Видовме некои загрижувачки бројки. Можно е ова да доведе до намалување на растот“, изјави Рахој пред новинарите.

Владата веќе ја намали прогнозата за економскиот раст минатиот месец од 2,6 проценти на 2,3 проценти.

Рахој изјави дека ќе ја почитува одлуката на Врховниот суд на Шпанија, пред кој вчера се појавија каталонските лидери обвинети за побуна и агитирање против државата во врска со инцијативата за осамостојување на Каталонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП