4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар им ја враќа на граѓаните заштедата одземена во текот на кризата

Кипар им ја враќа на граѓаните заштедата одземена во текот на кризата

Кипарската влада основаше фонд од кој делумно ќе им исплати отштета на депонентите кои ја загубија неосигураната заштеда во текот на кризата во таа земја во 2013 година.

Кипарскиот министер за финансии Харис Јоргијадес изјави дека првите 25 милиони евра, определени во рамките на буџетот за 2017 година, ќе бидат префрлени во тој фонд додека префрлувањето на втората транша е предвидено за втората половина од 2018 година, пренесува агенцијата АП.

Јоргијадес најави дека и во иднина ќе бидат исплатени уште средства зависно од состојбата на јавните финансии, наведува АП, со потсетување дека на Кипар за само десет недели се одржуваат претседателските избори.

Кризата од 2013 година го принуди Кипар да побара тригодишен, повеќе милијарди евра вреден спасувачки пакет помош од партнерите од еврозоната и ММФ.

Кипарските депоненти, поради кризата, останаа без повеќе стотици милиони евра неосигурана заштеда во кипарската најголема банка, а дојде и до затворање на вториот најголем кредитор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП