Сообраќајот на граничните премини Дојрани и Евзони, кој беше во прекин поради штрајк на грчките цариници, е нормализиран. На граничниот премин Ники штрајкот траеше до 5 часот утринава.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.