19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска сончево со температура до 18 степени

Денеска сончево со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Во северозападниот дел повторно ќе има услови за слаб локален дожд.

По одделни котлините со појава на магла, но преку денот хоризонталната и вертикалната видливост ќе се зголеми. Во вечерните ќе има зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност во текот на денот облачноста ќе се зголеми. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движио од 2 до 14 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во југозападниот и западниот дел на земјава како и јужните делови ќе има услови за пообилни врнежи од дожд наместа и на 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен јужен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта в сабота кон недела.

Од вторник ветерот ќе го промени правецот во северен, дневната темпертура ќе опадне за неколку степени, ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови ќе има услови за врнежи и од снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП