3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе разгледува нова можност за продажба на ОХИС, средба со Синдикатот идната...

Се разгледува нова можност за продажба на ОХИС, средба со Синдикатот идната среда

ohis

Министерот за економија Ваљон Сарачини идната среда ќе се сретне со Синдикатот на ОХИС. Како што рече денеска, Владата останува на ставот дека овој загубар конечно треба да добие стратегиски партнер и работи на тоа.

– На наредната владина седница ќе биде разгледана нова можност за продавање на ОХИС. Очекувам во наредниот период да се подготви тендерската документација и да се најде инвеститор, истакна Сарачини, одговорајќи на новинарски прашања пред средбата со градоначалниците и бизнисмените од Северозапдна Македонија.

Според него, процедурата за продажба не е едноставна особено ако се земе предвид социјалната димензија. – Не е лесно да разговарате со инвеститор и да го замолите да ги задржи на работа сите вработени особено во ОХИС каде што има вкупно 800 лица, посочи министерот.

ОХИС, додаде, не е без сопственик, а Владата многу пати им излегуваше во пресрет и им помагаше на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП