11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовиран бесплатен македонско-албански и албанско-македонски речник

Промовиран бесплатен македонско-албански и албанско-македонски речник

Нансен дијалог центар – Скопје и Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, Ламберто Заниер, пред министерката за образование и наука, Рената Дескоска, го презентираа новиот македонско-албански и aлбанско македонски речник.

За време на средбата Дескоска изјави дека во духот на толеранцијата и почитување на различностите речникот ќе претставува мост за полесно разбирање помеѓу младите.

„Со самото тоа што истиот е адаптиран за млади и лесна употреба, овој речник ќе биде практично применлив. Имено, овој речник треба да им послужи на најмладите, да го олесни изучувањето на албанскиот и македонскиот јазик“, потенцираше министерката Дескоска.

Дескоска го информираше Заниер и за Стратегијата за образованието 2018-2025, која е во финална фаза. Рече дека постои консензус околу интегрираното образование, кое е вклучено во сите нивоа на образование, почнувајќи од предучилишното, основното и средното училиште.

Двонасочниот македонско-албански и албанско-македонски речник е достапен електронски на следната веб-страница – http://hcnm-ndc.org/, и истиот може бесплатно да се преземе како мобилна апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП