4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаринската управа и Универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа меморандум за соработка

Царинската управа и Универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа меморандум за соработка

Заменик-директорот на Царинската управа, Лавдрим Велиу, и в.д. ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Азиз Положани денеска (9.11.2017 година) потпишаа меморандум за соработка меѓу Царинската управа и Универзитет „Мајка Тереза“.

Овој меморандум ја изразува намерата на страните потписнички за меѓусебна соработка и заедничката цел за воспоставување долгорочна соработка на полето на техниката, образованието и науката преку организирање и изведување практична настава за студентите на универзитетот во рамките на неговата дејност и научните истражувања од областа на царинското работење.

Со потпишување на меморандумот, Царинската управа и Универзитетот „Мајка Тереза“ изразија волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош. Заедничките активностите врз основа на потпишаниот меморандум ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на меморандумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП