Германија и Шпанија се пред Велика Британија како водечки пазар на деловен простор во Европа во 2018-та година, покажуваат резултатите од истражувањето меѓу речиси 150 инвеститори во недвижности, спроведено од консултантската компанија „Knight Frank“, соопштува интернет изданието „property-magazine.eu“.
Средствата за управување на инвеститорите изнесуваат 340,4 милијарди евра.
Речиси 30% од инвеститорите кои држат средствата од 3 до 5 години, ја посочуваат Германија како најпосакуван инвестициски пазар во 2018-та година. За споредба, минатата година сличен одговор дале 27% од испитаниците.
Една петтина од испитаниците ја посочуваат Шпанија како најпосакуван пазар и покрај актуелната политичка нестабилност предизвикана од референдумот за независност на Каталонија.
Само 12% од инвеститорите, од кои повеќето се со седиште во Лондон, ја идентификуваа Велика Британија како главен пазар, а други 9% ја посочуваат Франција.
Податоците покажуваат дека политичката неизвесност околу „Брексит“ не е главната грижа на инвеститорите. Само 16% од испитаниците укажуваат на геополитичка несигурност како главен предизвик.
За повеќе од 60% од инвеститорите, главен проблем се цените на имотот и недостатокот на квалитетни средства во Европа. Дополнителни 11% укажуваат на конкурентноста на пазарот како главен предизвик на странскиот пазар.
Повеќето инвеститори се претпазливи во врска со изгледите за пазарот во Велика Британија. Речиси 60% од испитаниците, сепак, веруваат дека побарувачката за комерцијална сопственост во Европа ќе се зголеми во 2018-та година во споредба со 2017-та година.
Повеќе од половина од нив укажуваат дека индустријата и дистрибутивниот сектор се најатрактивни и 28% специјализирани средства (на пример, студентско домување). Вкупно 15% од учесниците во истражувањето ќе се фокусираат главно на канцелариски згради, а само 2% на малопродажен простор. Уште 3% укажуваат на хотели како приоритетна класа на средства.