23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz продолжува да остварува рекордни продажби

Mercedes-Benz продолжува да остварува рекордни продажби

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ продолжува да ја зголемува продажбата и објави рекордни резултати за октомври. Вкупниот број на нови автомобили доставени до купувачите низ целиот свет е 182.812, што е за 5,6% повеќе од истиот период во 2016-та година.

За првите 10 месеци, вкупниот резултат на компанијата е 1.900.112 возила, што претставува зголемување од 11,1%. Во октомври „Mercedes-Benz“ е лидер во премиум-сегментот на пазарите во Германија, Италија, Шпанија, Белгија, Австрија, Португалија, Тајван, САД и Канада.

Во Европа брендот исто оствари рекорд, така што во октомври има продадено 76 694 автомобили, што е со 7,4% повеќе од истиот месец 2016-та година. За 10-те месеци од годинава се доставени околу 800.000 автомобили и тоа значи раст со 8 %.

Во Азиско-пацифичкиот регион, резултатот за октомври изнесува 67.132 единици, со раст од 5.3%. Од почетокот на годината продажбата изнесува 728.263, што е за 21,1% повеќе. Ова е исто така рекорд за компанијата од Штутгарт. Резултатите во Кина се уште поуспешни, со 10-месечен раст од 27,8%.

Огромниот придонес за успесите на „Mercedes-Benz“ е на кросоверите, од кои се продадени во 658.208 примероци – зголемување за 13,7%. Сепак, „E-Class“ забележа највисок раст, со резултат од 295.639 единици (+ 50%).

Сепак, проблем за Daimler AG останува брендот „Smart“, од кои 111.486 единици се продадени за 10 месеци. Падот беше 4,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП