16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Деновите на СРЗ и лица со попреченост“ завршуваат утре со филмска проекција...

„Деновите на СРЗ и лица со попреченост“ завршуваат утре со филмска проекција и јавна расправа

Сексуалните и репродуктивните права се дел од основните човекови права, но ова како да не важи за лицата со попреченост во Македонија, велат од Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

-Во средина без доволно приватност, опкружени со стигма, професионални предрасуди и чудни погледи, лицата со попреченост кај нас мака мачат да ги остварат своите сексуални и репродуктивни права, а сексуалните здравствени услуги и понатаму им се непристапни, велат од таму.

Сакајќи да ги актуелизираат овие прашања меѓу пошироката јавност, но и да ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат и да ги бараат своите сексуални и репродуктивни права, Платформа за унапредување на СРЗП на лицата со попреченост и Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во период од 19 октомври до 10 ноември, организираат „Денови на СРЗ и лица со попреченост“.

„Деновите на СРЗ и лицата со попреченост“ ќе бидат заокружени на 10 ноември (петок) со бесплатната проекција на филмот „Сесии“ (The Sessions) во 18 часот во „Даре Џамбаз“ (сала 1), кој покрај номинацијата за „Оскар“, во 2013 година доби и признание за најдобар приказ на голотијата, сексуалноста и заведувањето. По филмот, во 19.30 часот ќе следи јавна трибина која ќе ги актуелизира прашањата поврзани со едукацијата за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) и пристапот до услуги за СРЗ за лицата со попреченост, како и општествените бариери поради кои тие не ги уживаат своите сексуални и репродуктивни права.

На трибината ќе учествуваат д-р Миле Тантуровски, специјалниот едукатор Тања Станкова, Снежана Матовска и Драгана Стоилковиќ, кои ќе ги споделат своите професионални ставови и лични искуства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП