28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од Балканот ќе вложат до 320 милијарди евра за развој на...

Земјите од Балканот ќе вложат до 320 милијарди евра за развој на енергетиката до 2025-та

Меѓу 267 милијарди евра и 321 милијарди евра ќе бидат инвестициите за развој на енергетскиот сектор на Балканот во периодот 2016 – 2025 година, покажува оптимистичкото сценарио во студијата на Институт за енергетика за Југоисточна Европа со седиште во Атина, пренесува грчката новинска агенција Ana Mpa.

Овие средства ќе бидат вложени во нови производствени капацитети, зелени централи и екстракција на фосилни горива.

Анализите покажуваат дека речиси половина од овие средства (меѓу 125 милијарди евра и 141 милијарди евра) ќе инвестира Турција, што ќе ја претвори земјата во водечка енергетска сила во регионот.

Истражувањето опфаќа 13 држави на Балканскиот полуостров. Според пресметките до 2050-та година потребата од енергија во регионот ќе расте значително – од 59 милиони тони нафтен еквивалент денес до 219 милиони тони во 2050-та година. Уделот на Турција во финалната енергетска потрошувачка ќе се зголеми од 52% до 60%, додека на Грција се очекува да се намали – од 10% до 7%.

Очекуваните инвестиции во развојот на енергетиката на Грција за периодот меѓу 2016-та година и 2025-та година ќе бидат во опсегот од 23,3 до 30,2 милијарди евра.

Увозот на нафта и природен гас ќе доминира во енергетскиот микс на регионот, иако аналитичарите предвидуваат недостатокот на поврзаност меѓу гасните мрежи на земјите. Во однос на електричниот пазар приоритет ќе биде поврзувањето на Италија, земјите на Западен Балкан и Грција.

Во анализата е запишано уште дека земјите на Балканот тешко ја прифаќаат идејата да го запрат производството на електрична енергија од јаглен, бидејќи снабдувањето и трошоците како целина се прифатливи. Политиката на ЕУ сепак е да ја намали врската меѓу економијата и зависноста од јагленот по еколошки причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП