28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖелезничкиот сообраќај со Грција е во прекин

Железничкиот сообраќај со Грција е во прекин

Tоварниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 9 часот утринава, информираат од МВР.

Грчките цариници изутринава започнаа штрајк на граничниот премин ,,Меџитлија” (граничен премин ,,Ники”). Штрајкот започнал во 5 часот и ќе трае до утре изутрина. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, додека сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин.

На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 5 часот и ќе трае до 23 часот. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани.

На граничен премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) започнал во 5 часот и ќе трае до 23 часот. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП