28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија со силна динамика, следи ново забрзување

Германија со силна динамика, следи ново забрзување

Независните економски советници на германската влада предвидуваат здрав раст на економијата на Германија од 2 проценти за оваа година, а за следната прогнозираат забрзување на 2,2 проценти.

Претседателот на панелот експерти Кристоф Шмит, презентирајќи го годишниот извештај на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека „Германија бележи силен замав, што на наредната влада ќе и овозможи да пронајде баланс меѓу континуитетот и повторните прилагодувања“, пренесува агецнијата АП.

Канцеларката Меркел во моментот преговара за формирањето на новата влада по изборите одржани во септември.

Истиот панел на економисти во март предвиде раст на германската економија од 1,4 проценти за оваа година и од 1,6 проценти за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП