28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот е попопуларен од златото

Биткоинот е попопуларен од златото

Биткоинот ги руши рекордите, златото губи, така е барем според трендот на пребарување на пребарувачот Google каде биткоинот за прв пат во историјата е попребаруван од златото.

Според извештајот на Bloomberg, луѓето почесто гуглаат како да купат биткоини отколку како да купат злато. Побарувачката за биткоин расте, додека онаа за злато опаѓа и со самото тоа беше само прашање на време кога луѓето ќе се завртат кон тоа масовно да се едуцираат за начините како да инвестираат во биткоинот.

Со оглед на повратот на инвестициите кој се добива со инвестирањето во злато, на биткоинот не му беше тешко да го прејде златото кога станува збор за интересот. Адријан Аш од BullionVaulta, платформа каде онлајн може да се инвестира во злато, сребро и останати благородни метали, изјави дека во споредба со просекот, тровијата со злато во септември опаднала за 30 проценти.

Инвеститорите се водени од трендот на популарноста на биткоинот, и гледаат на него како на ново злато, особено поради тоа што вредноста на унцата злато опаѓа, додека биткоинот расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП