2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари добивка од 201.8 милиони денари за периодот јануари-септември...

МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари добивка од 201.8 милиони денари за периодот јануари-септември 2017

На крајот на третиот квартал од 2017 година, МАКПЕТРОЛ АД Скопје прикажа добивка пред оданочување во висина од 215,6 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 201,8 милиони денари која е пониска од минатата година, кога за истиот извештаен период Друштвото оствари добивка во износ од 292,6 милиони денари, и тоа како резултат на начинот на регулирањето на цените на горивата од страна на РКЕ на РМ, односно отсуството на слободен пазар.

Во овој период, МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 13,93 милијарди денари кој е поголем од минатогодишниот за 1,7 милијарди денари. Ваквото зголемување на приходите се должи на ефектот од зголемувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година, како и на зголемените набавки на деривати со вклучена акциза.

Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 13,71 милијарди денари што преставува зголемување во однос на минатата година за 1,8 милијарди денари за што повторно најголем удел има зголемувањето на цените на дериватите и набавките со вклучена акциза во овој период.

Основни причини за прикажаната добивка се следниве:

  1. Зголемената продажба на енергенси во малопродажбата, особено продажбата на светлите деривати и метанот за 7% од минатогодишната рекордна продажба и зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман;
  2. Трендот на пораст на прометот на малопродажните објекти. Трендот на порастот по квартали е прикажан во следнава табела:

  1. Зголемувањето на приходите од продажба на странски пазар за 36%;
  2. Намалувањето на расходите од камати, курсни разлики во однос на истиот период од минатата година за 32%.
  • Во периодот jануари – јуни 2017 година нема промени во сметководствените политики и во методите на вреднување на позициите во неревидираните финансиски извештаи на Друштвото;
  • Друштвото, за време на деловното работење во севкупниот извештаен период, редовно ги намирува обврските по сите основи (кредити, обврски спрема добавувачи, јавни давачки и плати на вработени).

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП