28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкуваат грчките цариници, во Грција се влегува само преку „Евзони“

Штрајкуваат грчките цариници, во Грција се влегува само преку „Евзони“

Од изутрината во пет часот затворени за сообраќај се граничните премини кон Грција, „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Штрајкот на „Дојрани“ ќе трае до 23 часот, и ќе се пропуштаат само пешаци. На „Евзони“, пак, до 23 часот ноќеска ќе биде во целосен прекин сообраќајот за тешки моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци. На преминот „Ники“, ќе се штрајкува до утре во пет часот и исто така ќе се пропуштаат само пешаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП