28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради парчиња гума во Србија повлечени два тона циприпи-кремови

Поради парчиња гума во Србија повлечени два тона циприпи-кремови

Компанијата „Нестле Адриатик“ соопшти дека од пазарот во Србија ги повлекува циприпи-кремовите „дуо“, „нугат“ и „чоко ванила“, откако потрошувачите се пожалиле дека пронашле парчиња гума во кремовите од оваа компанија.

Исто така, инспектори од Министерството за земјоделство на Србија наложија повлекување на 1.953 килограми какао-крем производи и млечни крем-производи бидејќи во производот паднало парче гума.

Од компанијата соопштија дека ги повлекле сите производи од претпазливост откако повеќе потрошувачи се пожалиле дека нашле парчиња гума во кремовите.

Компанијата соопшти дека по детална анализа утврдила дека гумата во производот дошла од производствената линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП