27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкот не ги предомисли банките, не го повлекуваат стечајот за „Фени“

Штрајкот не ги предомисли банките, не го повлекуваат стечајот за „Фени“

Штрајкот на дел од вработените во „Фени“ пред локалните филијали на Комерцијална банка, на Стопанска банка и на банката Силк Роуд во Кавадарци не ги предомисли банките.

Тие остануваат на ставот дека состојбите во металуршкиот комбинат треба да се решаваат преку стечај. Преку штрајк денес вработените во „Фени“ побараа повлекување на стечајот за фабриката, бараат платите да им се исплаќаат во целост и до продажба на фабриката да имаат статус на вработени.

„Банките веќе го соопштија својот став во соопштението до јавноста на 03.11.2017 година, во кое беше презентиран одговорот на барањето за повлекување на предлогот за поведување стечајна постапка и на одлуката за организирање јавен собир за изразување јавен интерес, до синдикалната организација на СИЕР при ‘Фени индустри’. Во известувањето потенциравме дека евентуалното прекинување на претходната стечајна постапка ќе значи и прекин на покривањето на сите трошоци за одржување на неопходните функции на ‘Фени индустри’, а целата одговорност од опструирањето на стечајната постапка и евентуалните дополнителни штети ќе падне на товар на сегашниот сопственик и на официјалните синдикални претставници на вработените“, велат од Комерцијална банка.

Од таму известија дека во понеделникот имале состанок со синдикалните претставници на „Фени“ . На средбата им било презентирано дека во сегашната состојба, покренувањето стечајна состојба е единственото решение со кое „Фени“ може да се реструктуира, реорганизира и да продолжи со работа по завршување на постапката. Синдикалците побарале гаранции за исплата на октомвриската плата, но не ги добиле.

„Последната септемвриска плата им е исплатена на вработените на 27.10.20117 година. Со евентуалното покренување стечајна постапка статусот на вработените и исплатата на платите за ангажираните работници ќе се одвива според актуелниот Закон за стечајна постапка и Законот за работни односи. Гаранции за исплата на платите не можат да дадат банките бидејќи тие не се работодавачи на вработените во ‘Фени индустри’. ‘Фени’ се` уште има сопственик, а натамошниот тек на настаните ќе се одвива според евентуалната стечајна постапка“, велат од Комерцијална.

Во однос на тоа дали се појавиле нови инвеститори и дали се во тек преговори, банките велат дека се отворени за разговори со сите заинтересирани потенцијални инвеститори. Со понатамошниот тек на настаните и низ евентуална постапка за стечај, според банките, ќе се презентираат сите потенцијални заинтересирани. Постапката е и сега отворена за секој инвеститор кој во рамки на законските прописи ќе може да обезбеди „Фени“ успешно да работи и да ги сервисира обврските кон сите доверители и вработените, е ставот на банките.

Роќиштето на кое ќе се разгледува можноста за отворање стечај за „Фени“ е закажано за 13 ноември. Вчера од фабриката известија дека обезбедиле струја за работота на печката токму до 13 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП