19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно и магловито, температурата до 18 степени

Денес облачно и магловито, температурата до 18 степени

Времето денс во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а дневната од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 7 /15 степени.

В петок ќе има преодно стабилизирање на времето, по одделни котлини со појава на утринска магла и ниска облачност. Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП