10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧевларите не може да исплатат 12.000 денари минимална плата, па бараат намалување...

Чевларите не може да исплатат 12.000 денари минимална плата, па бараат намалување на придонесите

Здружението на чевлари од Куманово кое брои околу 50-тина компании од оваа дејност, предупреди дека фирмите не се во можност да исплаќаат 12.000 денари минимална плата поради што побараа да се најдат други прифатливи решенија.

Тие бараат да се намалат придонесите за да може да се исплаќа минимална плата од 12.000 денари и одреден период да останат фиксни придонесите за плата до 18.000 денари.

„Најголем проблем имаме со Законот за минимална плата. Не сме против да има поголема плата, ни требаат работници и тие треба да имаат поголеми плати, но бараме средба со Владата и ресорното Министерствто, да најдеме средина, заедничко решение, од кој друг аспект да не ослободат за ние да ја дадеме таа поголема плата“, изјави Лидија Милановска, претседател на Здружението „Куманово“.

Како што беше речено на прес-конференција, доцна е за зголемување на цените кон странските добавувачи, зашто сезоната е почната и тие се веќе договорени. Од друга страна, фирмите не можат да ги израмнат вработените кои би земале минимална плата со оние кои веќе земаат и по 14.000 денари.

Од Здружението потсетија дека имале средба со министерката за труд Мила Царовска, а проблемите му ги изнеле и на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП