14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРама: Автопатот кон Македонија е наш приоритет

Рама: Автопатот кон Македонија е наш приоритет

Изградбата на автопатот кон Република Македонија е нашиот врвен приоритет меѓу инфраструктурните проекти. Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама за време на презентацијата на неколку инфраструктурни проекти во Тирана.

Автопатот ќе ја поврзе Албанија со Република Македонија во близина на градот Дебар.

„Очекувам да бидат финализирани договорите со компанијата што ќе го изведува проектот и веднаш да почнеме со работа“, рече Рама.

Автопатот тргнува од главниот град Тирана и стигнува до граничниот премин “Блато” на границата со Република Македонија, недалеку од градот Дебар. Овој автопат ќе го намали растојанието од Тирана до македонската граница за околу 100 километри.

Според Рама, во неговиот четиригодишен мандат, со цел подобрување на инфраструктурната Влада, ќе инвестира една милијарда долари.

Буџетот за следната година е зголемен за 42 отсто во делот за финансирање на инфраструктурни проекти , рече Еди Рама на прес-конференцијата на Советот на министри во Тирана.

Еди Рама вети дека ќе води “агресивна политика при склучување договори за изградба на патишта, со цел да не остави простор шпекулации и измами”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП