24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ги одложи плановите за затворање на нуклеарните реактори

Франција ги одложи плановите за затворање на нуклеарните реактори

Франција ги одложи мерките за намалување на уделот на нуклеарната енергија во енергетскиот микс, станува јасно од коментари на францускиот министер за животна средина Николас Хулот, цитирани од „Ројтерс“.

Според него 2025-та година не е реална цел за намалување на уделот на нуклеарната енергија од 75% на 50%. Тоа значи затворање помеѓу 17 и 25 реактори. Слични дејствија само би ги зголемиле емисиите на јаглерод диоксид, смета министерот.

Хулот никогаш не дал нов рок, рече „Ројтерс“.

Плановите за намалување на нуклеарните капацитети беа примени од претходниот кабинет во 2015-та година. Тие се дел од законодавството за промена на енергетскиот микс, што беше потврдено од новиот претседател.

„Ние веројатно ќе го одложиме до 2030-та година или 2035-та година, ќе видиме, најдоцна во 2035-та година, но не ме терајте да бидам детален“, коментира францускиот министер за животна средина, во интервју за локалната телевизија „BFM“.

Конечната одлука ќе биде донесена по јавни дискусии, кои ќе продолжат и во 2018-та година со сите засегнати страни.

Франција е земја која е најмногу зависна од нуклеарната енергија. Државната „EDF“, која е оператор на повеќето од реакторите, коментира дека не гледа економска смисла да ги затвора добро функционалните капацитети.

Екологистите сепак инсистираат милијардите потребни за модернизација на нуклеарни блокови, да бидат инвестирани во зелени централи и нискокарбонска технологија, за да се намали ризикот од несреќи и обврската да бидат складирани радиоактивните отпадоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП