14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги намалува емисиите на јаглерод, но без ограничување на растот на...

ЕУ ги намалува емисиите на јаглерод, но без ограничување на растот на економијата

Во периодот меѓу 1990-та година и 2016-та година во ЕУ е намалена емисијата на „CO2“ за 23%, додека економијата забележа раст од 53%. Ова го соопшти комесарот за енергетика и климатски Мигел Ариас Канете за време на климатската конференција која се одржува во Бон.

Само во 2016-та година европската економија порасна за 1,9%, а емисиите се намалија за 0,7%, рече тој. ЕУ е една од најголемите светски економии со најниски емисии на јаглерод диоксид по глава на жител.

Канете го претстави напредокот на Парискиот климатски договор две години по неговото усвојување, соопштуваат од ЕК. И покрај економскиот раст, заедницата е подготвена да ги исполни своите обврски за намалување на емисиите на јаглерод до 2020-та година.

„ЕУ ја задржува својата цел за намалување на емисиите на „CO2“ со барем 40% меѓу 1990-та година и 2030-та година“, рече уште тој за време на конференцијата и посочи дека заедницата е на финалната фаза за изготвување на законодавство и се однесува на целите за климата во следната деценија.

Во периодот 2013 – 2016 година по шемата за тргување со емисии (ETS) земјите од ЕУ добиле приходи од 15,8 милијарди евра, како 80% од нив биле користени за заштита на животната средина и во секторот на енергетиката – санации на домовите и инвестициите во обновливи извори на енергија.

Една од политиките на ЕК за борба против климатските промени е пакетот „Чиста енергија за секој европеец“. Тој го менува концептот и го става потрошувачот во центарот на енергетскиот сектор на ЕУ. Се очекува законодавството да биде усвоено во 2018-та година.

Одделно ЕУ останува еден од најголемите донатори за финансирање на мерки за заштита на климата во земјите во развој, покажуваат уште податоци на Брисел. Минатата година, заедницата и нејзините индивидуални членови придонесоа 20,2 милијарди евра за оваа кауза.

Големото отсуство од конференцијата во Бон е САД, откако претседателот Доналд Трамп одлучи да ја повлече земјата од договорот. Една од причините е тоа што обврските го ограничуваат растот на економијата на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП