22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставници на турската агенција „Тика“ во посета на Охрид

Претставници на турската агенција „Тика“ во посета на Охрид

Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, оствари средба со Ајтекин Ајден, програмски координатор за Република Македонија на Tурската агенција за координација и соработка „Тика“.

На средбата, која се одржа по иницијатива на родителите Ајнур Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти, беше разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на старата зграда од ОУ „Братство – Единство“ на улицата „7 Ноември“.

Од страна на градоначалникот беа презентирани сите документи што беа побарани од страна на преставниците на „Тика“, кои понатаму ќе бидат презентирани на повисоко ниво во оваа агенција.

Tурската агенција за координација и соработка „Тика“ е дел од претседателството на владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја канцеларија за програмска координација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП