12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавена можност за поскапување на паркинг картата во Центар

Најавена можност за поскапување на паркинг картата во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ најави итни мерки за намалување на загадувањето, меѓу кои ја посочи и можноста за поскапување на паркинг картата во Општина Центар.

Од општината информираат дека денеска на средба со ВД директорот на ПОЦ, Вангел Андрески, била разгледувана можноста за зголемување на цената на паркинг картата, со цел, како што велат, да се стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, со што значително би се намалило загадувањето. Оваа одлука нема да важи за жителите на Центар, кои и натаму ќе ги користат сите поволности, но и за и сите кои работат во централното градско подрачје.

Богдановиќ најави и забрана за градење во овие месеци, вертикални зелени градини и Кула за прочистување на воздухот.

„Податоците за загадување на воздухот што има последици врз здравјето, бараат итно превземање на чекори за да се ублажи овој проблем. Во општината се разработува и скенира состојбата со зеленилото, кое беше драстично намалено за поставување на стиропорни згради и споменици од проектот „Скопје 2014“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Се договара и ослободување на тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе започне да се реализира на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП