3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на лекарите во државните болници во Грција

Штрајк на лекарите во државните болници во Грција

Лекарите во државните болници во Грција нема да бидат на своите работни места во период од 4 часа во знак на протест против предлог-законот со кој се предвидува ревидирање на работното време, објавуваат грчките медиуми.

Лекарскиот синдикат вели дека новите правила го уништуваат чувството за нормално функционирање на лекарите.

Ова не е прв штрајк на медицинските лица. Во последната седмица тие ги напуштија работните места за да изразат несогласување со новите правила за структурирање на платата наметнати од владата како дел од обврските на спасувачкиот план за земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП