5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд девет години по ред гласа против влегување во ЕУ

Исланд девет години по ред гласа против влегување во ЕУ

Мнозинство од граѓаните на Исланд не сакаат нивната земја да влезе во Европската унија, покажа новото истражување на јавното мислење, пренесе еурактив.рс.

Од јули 2009 година, испитаниците во Исланд во секое истражување, во поголем дел од нив се против членство во ЕУ.

Според истражувањето на агенцијата Галуп направено за исландска организација „Ја Исланд“ која поддржува членство во ЕУ, 59,8 проценти од граѓаните на Исланд не сакаат да бидат дел од ЕУ.

Мнозинство од граѓаните на Исланд се против новите пристапни преговори со ЕУ, како и против преминувањето од националната валута круна на евро.
Новите реформи на ЕУ, ги отфрлаат 55,5 отсто од испитаниците на Исланд. Инаку, во Исланд се води дебата за прмин на евро, но без членство во ЕУ. Во јули 2009 година, тогашната влада по економската криза која ја погоди земјата во 2008 година, поднесе кандидатура за членство во ЕУ. Преговорите беа прекина по изборите во 2013 година, откако Исланд отвори 27 поглавја.

Во однос со ЕУ за Исланд, најспорно е прашањето за риболов, бидејќи таа земја има големо производство, но и мала побарувачка, па не ѝ одговара бриселскиот систем квота за риболов. Исланд е членка на шенгенскиот простор и на Европскиот економски простор (ЕЕА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП