14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските хемиски фабрики тргуваат главно со САД, Швајцарија и Кина

Европските хемиски фабрики тргуваат главно со САД, Швајцарија и Кина

Хемиската индустрија е од големо значење за европската економија. Исто така, игра важна улога во меѓународната трговија.

Меѓу главните играчи на глобалниот пазар, Европската унија (ЕУ) е далеку пред извозот од хемиската индустрија во 2016-та година, вклучувајќи извоз на 499 милијарди евра, потоа следат САД (389 милијарди), Кина ( 258 милијарди евра) и Јапонија (117 милијарди евра), соопшти „Еуростат“.

Главните дестинации за извоз на хемиски производи од ЕУ во 2016-та година се САД (27% од вкупниот извоз на хемикалии од ЕУ), Швајцарија (10%) и Кина (7%).

Благодарение на силниот извоз ЕУ забележува растечки трговски вишок во периодот 2007-2016 година. Вишокот расте од 76 милијарди евра во 2007-ма година до 128 милијарди евра во 2016-та година при просечна стапка на раст од 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП