29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВрвните директори советуваат: 4 особини кои секој лидер мора да ги усвои

Врвните директори советуваат: 4 особини кои секој лидер мора да ги усвои

Во постот кој е објавен на платформата „LinkedIn Learning“, Рид Хофман (основачот на LinkedIn), Аријана Харингон (основачот на The Huffington Post и Thrive Global), Рајан Холмс (директорот на Hootsuite) и Бил Џорџ, водечкиот професор на Harvard Business School, го споделија со јавноста своето мислење за тоа со кои предизвици ќе се соочат идните лидери и кои вештини ќе им бидат потребни за да успеат.

Значи, врвните лдири на топ позициите имаат совети за вас:

1. Цел

Аријана Хафингтон смета дека поважно е да го најдете и одржите чувството за цел. Целта е нешто што е фиксирано, тоа е вештина – која се создава, вежба, зајакнува и негува, така што сите во компанијата ја усвојуваат. Целта е она што е основата, она на што се темели профитот и растот.

2. Способност да се инспирираат и мотивираат вработените

Рид Хофман смета дека директорите мораат да научат како да ги привлечат и менаџираат талентите, за да можат да бидат во тек со промените. Наместо да се фокусирани на платите и бонусите, лидерите треба да постават добри основи за своите вработени, за да можат да напредуваат во кариерата.

3. Волја за учење

Во светот кој незапирливо трча напред, идните раководители мораат да бидат подготвени и да ја прифатат главната работа – промената. А за да би можеле да ја следат промената, мора да имаат волја да учат. „Како раководител морате да станете вреден ученик, за да бидете поприлагодливи на промените“, смета Рид Хофман. „Деловниот свет се менува, и не можете да се потпрете на претходното искуство, без оглед колку во овој момент сте успешни“.

4. Активно користење на социјалните мрежи

Според Рајан Холмс (директор на компанијата Hootsuite – платформа која го олеснува користењето на социјалните мрежи), дури 61 процент од оние кои се на листата директори „Fortune 500“ не се воопшто присутни на социјалните мрежи, и тоа е грешка.

Главните бизнис лидери кои се активни на социјалните мрежи, имаат платформа преку која делат пораки со светот, и не само тоа – можат да ги привлечат и најдобрите таленти во својата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП