
Нето добивката пред оданочување заклучно со 30.09.2017 изнесува МКД 1.881.167 илјади или над 30 милиони евра, што е повеќе за 1,4% споредено со истиот период од минатата година.


Нето добивката пред оданочување заклучно со 30.09.2017 изнесува МКД 1.881.167 илјади или над 30 милиони евра, што е повеќе за 1,4% споредено со истиот период од минатата година.
При тоа, пооделни ставки од билансот на успех ги регистрираа следните движења:
Останатите приходи од дејноста забележаа пораст за МКД 114.447 илјади, додека останатите расходи од дејноста останаа релативно непроменети.
За наведениот период од девет месеци СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од МКД 566.532 илјади денари, што е повеќе за МКД 189.145 илјади во однос на истиот период од минатата година. Загубата поради оштетување на нефинансиски средства изнесува МКД 27.189 илјади
Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат МКД 580.259 илјади. Како резултат на наведените параметри, заработката по акција за наведениот период од 2017 година изнесува МКД 107,74 поголема за 1,4% во однос на 2016 година.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.