2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNutella повторнo ги разбесни купувачите

Nutella повторнo ги разбесни купувачите

На многумина омилениот крем од лешници од италијанската фабрика „Ferrero Rocher“, повторно е во центарот на вниманието.

Во јануари оваа година „Ferrero“ се најде на удар поради палминото масло кое е една од состојките на овој крем, а има канцерогени својства. Иако од фабриката тогаш порачаа дека сите нивни состојки за „Nutella“ се исправни и испитани, „кралицата Nuttela“ повторно е на удар на јавноста.

Овој пат обожавателите го критикуваат производителот поради промената на рецептот. Со новиот рецепт уделот на млеко во прав од 7,5 се зголемува на 8,7 проценти, а додатокот на шеќер наместо досегашните 55,9 проценти, сега ќе изнесува 56,3 проценти, пишува The Mirror. Резултатот е послатка и „полесна“ Nutella.

Од „Ferrero“ потврдија дека е спроведено „прилагодување“, но истакнаа и дека многу други брендови редовно вршат промени. Оттаму истакнаа дека квалитетот, како и останатите клучни аспекти, остануваат исти.

Сепак, над десетина илјади потрошувачи преку социјалните мрежи јавно го покажаа својот бес и фрустрации поради промената на оваа омилена посластица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП