24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИActavis го купува Warner Chilcott за 8.5 милијарди долари

Actavis го купува Warner Chilcott за 8.5 милијарди долари

MW-BC600_wc_act_MD_20130510141110

„Actavis“ го купува „Warner Chilcott“ со договор во вредност од околу 8.5 милијарди долари. Од оваа вредност 5 милијарди долари ќе бидат во форма на акции од „Actavis“.

Ако договорот добие дозвола од регулаторните органи, тогаш ќе се создаде третата по големина во САД специјализирана фармацевтска компанија. Прогнозите се новата компанија да има над 11 милијарди долари годишно од продажбите.

„Ние си поставивме за цел да направиме водечка светска компанија во областа на фармацијата”, рече Пол Бисаро, претседател и извршен директор на „Actavis“.

Се очекува новата компанија да го носи името „Actavis PLC“ и да биде регистрирана во Ирска, каде е регистрирана и „Warner Chilcott“. Акционерите на „Warner Chilcott“ ќе имаат удел од 23 проценти во новата компанија.

Тие ќе добијат 0.160 акции од новата компанија за секоја акција која ја поседуваат. Тоа е еквивалентно на 20.08 долари по акција. Акционерите на „Actavis“ пак ќе добијат по една акција од новата компанија за секоја своја. Управните одбори на двете компании го одобриле едногласно договорот, кој се очекува да биде комплетиран до крајот на годината.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП