3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонконг е градот со најголем број на меѓународни посети во светот

Хонконг е градот со најголем број на меѓународни посети во светот

Хонгконг и оваа година го задржа статусот на град со најголем број на меѓународни посети во светот.

Во извештајот на компанијата за истражувања на пазарот „Еуромонитор интернешнл“ се вели дека Хонгконг, специјален административен регион на Кина, оваа година ќе го посетат 25,7 милиони странски државјани, што е пад за 3,2 проценти во однос на лани.

Бангкок, главниот град на Тајланд, го задржа второто место со 21,3 милиони странски државјани и со пораст од 5,9 проценти во однос на 2016 година.

Лондон е најдобро пласиран европски град и се наоѓа на третото место на светската листа со 19,8 милиони странски државјани.

Проценките покажуваат дека британската престолнина во следните седум години ќе биде симната од третото место поради сè поголемата популарност на азиските градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП