24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо невработеноста, отцепувањето на Каталонија е најголемата грижа на Шпанците

По невработеноста, отцепувањето на Каталонија е најголемата грижа на Шпанците

Најновата владина анкета во Шпанија покажа дека независноста на Каталонија стана втора причина за загриженост за Шпанците, зад невработеноста, а пред корупцијата.

Околу 29 отсто од испитаниците можноста за независност на Каталонија ја идентификувале меѓу трите главни причини за загриженост. Во септември тој процент бил 7,8 отсто.

Околу 66,2 отсто како најголема грижа ја навеле невработеноста, која во Шпанија е на второ место во Европа.

Во истражувањето спроведено од 2 до 11 октомври учествувале 2.487 Шпанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП