28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа фабриката „11 Октомври-Еурокомпозит“ на сметката ќе и бидат префрлени 10 милиони...

На фабриката „11 Октомври-Еурокомпозит“ на сметката ќе и бидат префрлени 10 милиони денари од МВР

Министерството за внатрешни работи треба да префрли 10 милиони денари на фабриката „11 Октомври-Еурокомпозит“ со што ќе се изврши исплата на една плата на вработените.

Вчера на седницата на Владата е донесена одлука за обезбедување финансиска поддршка на Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 Октомври -Еурокомпозит“ АД Прилеп, кое е во државна сопственост.

„Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000 денари на сметка на друштвото со цел исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката“, соопшти владината прес-служба.

Вработените во фабриката немаат земено 16 плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП