ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши проектот за реформи во водниот сектор на локално ниво

Заврши проектот за реформи во водниот сектор на локално ниво

Завршниот настан на проектот финансиран од Европската Унија, „Реформи во системот на водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води на локално ниво“, се одржа со конференција на тема „Национален систем за мониторинг на изведбата и бенчмаркинг за водните услуги“.

Конференцијата, организирана во соработка со АДКОМ, го стави во фокус значењето на исправните податоци во работата на претпријатијата за комунални услуги, но и за потребите на регулаторните процеси и за националната и регионалната одредница. Во тој контекст беа презентирани порталите www.danubis-dcm.org и www.danubis.org.

Вториот дел на конференцијата беше посветен на резултатите од проектот, каде што корисник беше Министерството за животна средина и просторно планирање, а опфатени беа 12 комунални претпријатија од општините: Град Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и Куманово.

Работејќи со самите јавни комунални претпријатија, проектот помогна во реформирање на постојниот систем во однос на организациските, управувачките, финансиските и оперативните аспекти, оценуваат изведувачите на проекот.

Една од главните задачи беше поддршката во спроведување на барањата од новиот Закон за утврдување на цените на водните услуги и подготвување акциски план за потребните мерки на давателите на водни услуги, со што ќе се овозможи ефективно и ефикасно управување со водоснабдувањето, собирањето и пречистувањето на отпадните води.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП