11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ги презапишува своите царински закони за „успешeн“ Brexit

Велика Британија ги презапишува своите царински закони за „успешeн“ Brexit

Министрите на британскиот премиер Тереза ​​Меј ги презедоа првите чекори кон исполнување на ветувањето да ја направат Британија глобална трговска сила по „Brexit“, изложувајќи го царинското и трговското право, што ќе стапи на сила кога Лондон ќе излезе од Европската унија, пишува „Bloomberg“.

Клучен приоритет ќе бидат нови овластувања со кои треба да се помогне на Велика Британија да ги задржи 40-те постојни комерцијални трансакции кои ЕУ ги има со другите земји, кога ќе престане да биде членка на Унијата.

„За прв пат во последните 40 години Велика Британија ќе може да ја обликува својата сопствена програма за трговија и инвестиција“, рече министерот за надворешна трговија, Лиам Фокс. „Ние сме решени дека компаниите и потрошувачите можат да ја искористат оваа можност од денот кога ќе ја напуштиме ЕУ“.

Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ и царинската унија во 2019-та година, но сака царински договор без царина за трговијата со блокот со 27-те преостанати земји членки.

Новиот предлог-закон за трговија вклучува нови мерки кои ќе и овозможат на Велика Британија да ги реплицира трговските договори преговарани од ЕУ со други земји. Во исто време царинскиот закон ќе и овозможи на владата да создаде „самостојна царинска постапка“ и да ги поправи своите нивоа на данокот на додадена вредност и акцизите врз стоките.

Според официјални претставници планот е да се задржи функционирањето на движењето на стоки уште од денот кога Велика Британија излезе од ЕУ, продолжувајќи ги режимите на ДДВ-то и акцизите во согласност со целниот договор постигнат во преговорите.

Планот ќе бара начини да се осигура дека компаниите со седиште во Велика Британија можат да го продолжат пристапот до големите владини договори со 47 земји. Новото трговско одбранбено тело ќе ги заштити британските бизниси од нефер комерцијални практики во споровите.

„Продолжуваме да го реализираме успешно „Brexit“ кој ги заздравува постоечките трговски врски, додека во исто време открива пристап до нови и постоечки пазари во светот“, вели Фокс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП