24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSalesforce очекува повисок приход од проектираниот за фискална 2019-та

Salesforce очекува повисок приход од проектираниот за фискална 2019-та

„Salesforce.com“, американска софтверска компанија, предвидува приходи во 2019-та година, кои може да ги надминат очекувањата уверувајќи го „Вол Стрит“ дека може да продолжи да расте, пишува „Блумберг“.

Приходите на компанијата ќе достигнат 12,45 до 12,5 милијарди долари во годината што завршува во јануари 2019-та година, објави „Salesforce“. Износот може да биде и над прогнозата од 12,45 милијарди долари направена од аналитичарите анкетирани од „Блумберг“.

Како резултат на вестите, акциите на компанијата се зголемија за 2,2% во текот на работното време во понеделникот.

Прогнозата за продажба значи дека компанијата ќе ужива раст од околу 20% годишно во високиот опсег на предвидувања. „Salesforce“, која развива софтвер за да им помогне на компаниите да управуваат со нивните односи со клиентите, ја откри нивната прогноза во текот на првиот ден од нивниот годишен настан „Dreamforce“ во Сан Франциско, каде што воведоа нови производи и партнерство со облак услугите на „Google“.

Всушност, „Google“ ќе им понуди на клиенти на „Salesforce“ лиценци за „G Suite“ без дополнителни трошоци до една година како дел од договорот, соопшти компанијата.

Партнерството исто така ќе го интегрира „Salesforce“ со „Google Analytics“, поврзувајќи ги продажбите, рекламирањето и маркетингот на податоците на двете платформи.

„Salesforce“, која е веќе поврзана со „Amazon Web Services“, го нарече „Google Cloud“ како најпосакуван облак-провајдер и рече дека планира да го користи за поддршка на меѓународното проширување на компанијата.

„Нашето партнерство со „Google“ е најдоброто од двете страни за нашите клиенти“, коментира Марк Бениоф, главен извршен директор на „Salesforce“ и претседател.

„Amazon Web Services“, исто така, ќе остане префериран јавен облак провајдер, „Salesforce“ објави во Сан Франциско.

Во 2016-та година, компанијата го избра „Amazon Web Services“ како најпосакуван снабдувач на јавна облачна инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП