27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп скапо ја чини светската економија

Трамп скапо ја чини светската економија

Година дена по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, меѓународните економски експерти оценуваат дека американскиот претседател негативно влијае на светската економија.

Таква оценка дале 73,9 проценти од учесниците во анкетата која ја спроведе институтот Ifo од Минхен меѓу 929 економски експерти од 120 земји, се наведува во соопштението на германскиот институт доставено до Танјуг.

Освен тоа, 57,6 проценти од анкетираните експерти мислат дека владата на САД негативно влијае и на американската економија, и дека социјалната правда и заштитата на климата се најтешко погодени области.

Според Светското економско истражување (WES) 73,5 проценти од експертите ширум светот и 61,2 проценти од експертите во САД веруваат дека од најавените политички мерки и оние кои досега се спроведени најголема загуба претрпеле сиромашните.

Администрацијата на Трамп исто така доби слаби оценки во областа на меѓународната трговија, соработката со мултилатералните организации, како и за активностите за обезбедување на мир и сигурност.

Експертите во соседните земји, Канада и Мексико, но и во Ирска, тврдат дека поради политиките на САД особено лоши последици трпат нивните држави.

Меѓутоа, октомвриските резултати од Светското економско истажување покажувааат дека американските експерти сметаат дека влијанието на Администрацијата на Трамп на домашната економија е помалку негативно. Само 38 проценти од експертите во САД изјавиле дека кабинетот на Трамп има негативно економско влијание на домашното ниво.

Но, и тие сметаат дека неговата администрација е неефикасна или дека и штети на американската внатрешна политика.

Експертите во САД најмалку штетни последици гледаат во политиката на вработувањето, која само 8,0 проценти од испитаниците ја оценуваат како негативна, а 84 проценти ја сметаат за неефикасна.

Кога станува збор за мерките за подобрување на деловната клима, негативна оценка дале 11,1 проценти, додека 51,8 проценти ја оцениле за неефикасна, а активностите на намалувањето на бирократијата негативно ги оцениле 8,0 проценти, а за нефикасно го сметаат 68 проценти од анкетираните, се наведува во соопштението на Ifo институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП