14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе и повеќе странци купуваат имот во Турција

Се повеќе и повеќе странци купуваат имот во Турција

Продажбата на имот на странци во Турција бележи зголемување од 75% во септември на годишна основа. Се повеќе и повеќе меѓународни купувачи се упатуваат кон турскиот пазар и покрај политичката ситуација во земјата, вели онлајн порталот „themovechannel.com“.

Податоците на турскиот завод за статистика покажуваат дека бројот на станбени објекти што се продаваат на странци достигнале 2.236 единици во септември, што е 75% повеќе на годишна основа.

Најголемата група купувачи се граѓаните на Ирак – 17% од сите странски инвеститори во имот во земјата. Следат Саудијците за 15 отсто, Кувајт за 7 отсто, Русите за 5 отсто и Британците за 4,6 отсто.

„Податоците го одразуваат континуираниот кредибилитет на Турција и плановите на странските инвеститори. Стимулациите, како намалувањето на даноците и давање на државјанство при исполнети одредени услови, можат да доведат до рекорди во оваа година“, коментира Џулијан Вокер од агенцијата за недвижности „Spot Blue“.

Оваа година, исто така, се забележува рекордна продажба на турски имот, додаде тој.

Вкупно 35% од домовите продадени на странци се наоѓаат во Истанбул. Така, градот го засилува својот имиџ како водечка локација и меѓу странци и кај Турците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП