9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите претприемачи се движечка сила за добри меѓуетнички односи

Младите претприемачи се движечка сила за добри меѓуетнички односи

Главните заклучоци кои произлегоа од форумот „Мерки за поттикнување на претприемништвото кај немнозинските етнички групи“, се насочени кон унапредување на локалниот економски развој преку активно стимулирање на претприемништвото и зголемување на (само)вработеноста меѓу младите луѓе, со посебен фокус на припадниците на немнозинските етнички заедници.

Работната група составена од 35 присутни, меѓу кои претставници на клучните институции во
процесот на унапредување и прилагодување на програмите за поддршка, предложи мерки за насочување на придонесот од граѓанскиот сектор, со цел градење на соодветно системско решение за проблемите, меѓу кои и високата стапка на младинска невработеност.

Александар Филиповски од ПСМ Фондација, изјави дека преку претставување на претприемништвото како врска меѓу етничките заедници и приспособување на мерките за самовработување кон потребите на претприемачите од различните етнички заедници, се постигнува градење на мултикултурна и одржлива демократија во земјата.

„За таа цел, „вклучени се различни стеихолдери, релевантни министерства, агенции и граѓански организации, како и самите млади претприемачи кои треба да дадат свој придонес, со цел мерките, проектите и идните иницијативи за нивна поддршка да бидат подобро дефинирани“, смета Филиповски.

Џелал Хоџиќ, заменик директорот на АОПЗ, ги пренесе согледувањата на разликите меѓу
претприемачите од немнозинските етнички групи во споредба со „мејнстрим“ претприемачите.

„Трендот кај младите луѓе, посебно од етничките заедници под 20 проценти, да се вработат во јавниот сектор е негативен момент во општеството, кој треба да се надмине преку промовирање на мерките за (само)вработување кај младите луѓе“, изјави Хоџиќ.

Дискусијата произлезе како заклучок од резултатите од првата спроведена „Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво“. Од анкетираните млади претприемачи, 61,2 проценти изјавиле дека имале соработка со претприемач од друга заедница, а 95 проценти од нив се изразиле позитивно околу ова искуство. На форумот беа презентирани и мерки и добри пракси за промоција на претприемништвото кај немнозинските етнички групи од земјите членки на Европската унија.

Форумот го организираа Фондацијата Претприемачки сервис за млади и Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП