27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Растечките трошоци поврзани со климатските промени

График на денот: Растечките трошоци поврзани со климатските промени

Нов извештај покажа дека климатските промени покажаа огромно негативно влијание врз продуктивноста на трудот во светски рамки, ширењето на заразни болести и изложување на топлотни бранови и загадување.

Во воведниот извештај на „The Lancet Countdown on Health and Climate Change“ исто така се утврдува дека придружните метеоролошките катастрофи стануваат почести. Помеѓу 2007-ма година и 2016-та година пораснаа за 46%.

Најчесто во вид на бури и поплави, овие катастрофи предизвикуваат катастрофална економска штета низ целиот свет. Така на пример ураганот Катрина предизвика економски загуби од 108 милијарди долари, сума која е околу четири пати повисока од штетите од ураганот Ендрју во 1992-ра година.

Заканите предизвикани од климатските промени и како резултат на екстремни климатски услови, може да се проследи од следниов график на „Statista“. Пред десет години, имало 606 екстремни временски несреќи со штета од вкупно 69 милијарди долари. Минатата година имаше 797 метеоролошки катастрофи ширум светот, што резултираше со економски загуби од 129 милијарди долари.

Климатските промени се најголема закана за природата и човештвото во 21-от век, велат од „WWF“, невладина еколошка организација. Податоците покажуваат дека 15-те најтопли години на Земјата биле во последните 20 години.

Во меѓувреме пред неколку дена администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави научен извештај во кој човековата активност се определува за основниот двигател на глобалното затоплување, заклучок што е во спротивност со одлуките на Белата куќа да ја повлече САД од клучниот светски Париски договор за климата, да се заштити од фосилните горива и да ги ревидира климатските политики што ги презеде поранешниот претседател Барак Обама, пишува „Вашингтон пост“.

Од Белата куќа не се e обидоа да го спречат објавувањето на владиниот извештај насловен „Национална проценка на климата“. Материјалот потврдува дека климатските промени се речиси целосно од човековата активност, предупредувајќи за потенцијалното зголемување на морското ниво за околу 2 метри и половина до 2100-та година и детално опишувајќи ги штетите предизвикани од климатските промени во САД, кои веќе се случуваат како резултат на порастот на глобалната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП