17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската економија со солиден раст во третиот квартал

Француската економија со солиден раст во третиот квартал

Француската економија оствари солиден раст во третиот квартал, што укажува на продолжување на закрепнувањето на втората најголема економија на еврозоната.

Бруто домашниот производ (БДП) на Франција, во три месеци заклучно со септември, порасна за 0,5 проценти, благодарение на скокот на потрошувачката на домаќинствата и растечките инвестиции, соопшти францускиот институт за статистика ИНСЕЕ, пренесува агенцијата Фрас прес.

Француската економија пораснала по стапка од 0,6 проценти во вториот квартал, а во првиот за 0,5 проценти.

Податоците од третиот квартал се во склад со владините проценки за раст за целокупната година од 1,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП