19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста најниска за девет години

Невработеноста најниска за девет години

Стапката на невработеност во еврозоната во месец септември опадна на 8,9 проценти од 9,0 проценти од август.

Тоа е најниското ниво во речиси девет години, покажаа денес објавените податоци на европската служба за статистика Еуростат.

Тоа е најниската стапка на невработеност од јануари 2009 година.

Истовремено, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната порасна за 0,6 проценти во периодот јули-септемри, што е нешто пониско во однос на растот од 0,7 проценти од вториот квартал.

Годишната инфлација во еврозоната, според податоците на Евростат, забави на 1,4 проценти во октомври од 1,5 проценти од месец септември, бидејќи базната инфлација ненаденјно паднала на 0,9 проценти од 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП